петок, 26 јули 2024

Поради тензиите на Блискиот Исток пораснаа цените на златото

Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. На американскиот пазар златото во терминските договори поскапе за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари по унца. Инвеститорите на купување злато ги поттикнал израелскиот воздушен напад на иранскиот конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск, во кој беа убиени висок ирански воен командант и неколку дипломати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иран вети одговор, што претставува опасност од ширење на блискоисточниот конфликт. На тргувањето во текот на денот може да влијае и податокот за нарачки во американската индустрија во февруари и најавите на американската централна банка.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел би требало утре да одржи говор. Податоците за фабричките активности и назнаките за забрзување на растот на цените на одредени категории производи во извештајот на ИСМ поттикнаа страв од силна инфлација и нагаѓања дека спуштањето на каматните стапки би можело да биде одложено за втората половина од годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ