петок, 25 октомври 2024

Поради сообраќајни несреќи, во прекин е сообраќајот на патните правци Ростуше – Жировница и Прилеп – Градско

Објавено на

часот

Сподели

Патниот правец село Ростуше – село Жировница е во прекин за товарни возила поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.

Од 6:40 часот, поради сообраќајка, во прекин е и сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, 500 метри од крстосницата „Камен Дол”.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ