петок, 26 јули 2024

Поради сообраќајка, затворен за сообраќај патот Дебар-Центар Жупа

Патниот правец Дебар-Центар Жупа од попладнево е затворен за сообраќај во двата правца поради сообраќајна незгода, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. Во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Охрид, Стефан Димоски.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Патниот правец Дебар-Центар Жупа од попладнево е затворен за сообраќај во двата правца поради сообраќајна незгода, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Како што информираат, сообраќајот е во прекин од 16:33 часот, а сообраќајната незгода се случила кај местото викано Мелнички мост.

Сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случила во близина на Мелнички Мост, на кракот кој од регоналниот пат Дебар-Маврово се одделува за Центар Жупа, кај селото Долно Меличани.

„Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. За среќа, во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице“, информира за МИА портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Охрид, Стефан Димоски.

Поради несреќата, сообраќајот на делницата Мелнички Мост- Центар Жупа е во прекин. На местото на несреќата се врши увид, а присутна е и екипа на дебарската секција на Македонија пат.

На овој патен правец, како и на сите останати во регионот, видно е зголемена фреквенцијата на возила, поради доаѓањето на иселениците во родниот крај. Посебна внимателност во сообраќајот се препорачува и поради влажните коловози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ