сабота, 27 јули 2024

Поради силниот ветер големиот пожар кај Атина повторно беснее (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на денот од Грција пристигна вест дека пожарот е ставен под контрола откако беа засилени напорите за гаснење со дополнителни канадери што пристигнаа од Франција и Италија. Но во вечерните часови ветерот повторно се засили и повторно избувна пожарот, кој трае од вторникот.

Досега изгореа 35 квадратни километри шума и земјоделско земјиште

Според информациите од Грција, досега изгореле околу 35 квадратни километри шумско и земјоделско земјиште, а одредени места биле евакуирани поради ширењето на пожарот.

Веќе претходно во Грција се предупредуваше дека нови проблеми со пожарот може да имаат во текот на четврток и петок, кога се очекува нов топлински бран, проследен со температури над 40 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ