четврток, 24 октомври 2024

Поради проширување на шините на станицата Клисура вечерва возот од Гевгелија за Скопје каснеше два часа, доцнат и другите возови

Објавено на

часот

Сподели

Поради доцнењето на возот голем број на патници на станиците во Градско и  Велес револтирани реагираа  до МЖ транспорт поради  долгото  чекање на возот.

Тие за МИА информираа  дека  неделава овој воз Гевгелија –Скопје   скоро секој ден доцни по 60-тина минути, а најмалку по 30-тина.

Вечерва во Велес 60 минути каснеше и попладневниот воз кој од Битола оди за Скопје преку Велес, кој од станицата во Битола поаѓа во 18:24 часот. Во Велес наместо во 21 часот пристигна во 22 часот.

Револтираните патници кои редовно патуваат со возовите  се жалат до Македонски железници транспорт бидејќи скоро секој ден возовите каснат најмалку пола до еден час, па дури и по неколку часа, поради што не можат навреме да стигнат на работа, на закажано на лекар и по други потреби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ