сабота, 27 јули 2024

Поради новите случаи на голема кашлица денес ќе се состане КЗБ

Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица. Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Објавено на

часот

Сподели

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината.

Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ