Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.
Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината.
Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.