Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врнежи од дожд надојдена е Смојмирска река која предизвика штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.
Во градот Берово ситуацијата е најкритична кај некогашната фабрика Датекс каде река од вода тече по блиската улица.
Невремето денеска го зафати и градот Пехчево каде граѓани исто така јавуваат за поплавени улици.