недела, 19 мај 2024
Сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово е отежнат

Поради невремето падна дрво во близина на село Тработивиште

Дождливото време проследено со ветар, попладнето предизвика проблеми на патните правци кои водат од Делчево кон Пехчево и Македонска Каменица. Поради паднато дрво во близина на с.Тработивиште, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово е отежнат. Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

„Паднатото дрво се наоѓа на патот Делчево – Пехчево, во близина на тревнатото фудбалско игралиште во с.Тработивиште кое се наоѓа од левата страна на коловозот. Сите кои патуваат на оваа релација да ја прилагодат брзината во близина на оваа делница, поради можната опасност“, информираа од Македонија пат.

Во овој регион попладнето повторно има појава на одрони на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – М.Каменица.

„Утрово расчистувавме поголеми одрони на делницата после с.Очипала и Баткова Чешма. Таму повторно има појава на ситни одрони, заради што апелираме на внимателно возење“, додадоа од претпријатието.

Во моментот во Пијанечко-Малешевскиот регион дождот престана, но во одредени делови сообраќајот и понатаму се одвива по влажни коловози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ