сабота, 19 октомври 2024

Поради нерегуларности при вршење на јавен превоз казнети се две превозни претпријатија

Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С.А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7.500 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ