сабота, 27 јули 2024

Поради нападот на Хутите во Црвеното Море, 18 компании ги пренасочуваат своите бродови околу Африка

Група од 18 логистички компании го заобиколуваат Црвеното Море поради напади врз трговски бродови и ги пренасочуваат кон алтернативна рута околу Африка, објави Меѓународната поморска организација (ИМО).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Значителен број компании веќе ги пренасочија бродовите на рутата околу Ртот на Добра Надеж „за да се проретчат нападите и, се разбира, да го ублажат (нивното) влијание, особено врз морнарите“, изјави генералниот секретар на ММО Арсенио Домингез пред Советот на безбедност на ОН во средата.

Јеменските Хути го попречуваат минувањето на бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море во знак на поддршка за Палестинците во Појасот Газа. Од друга страна, САД формираа меѓународна коалиција која треба да ја гарантира безбедноста на пловидбата.

Нападите се „значаен меѓународен проблем“, се пожалија владите на 12 земји, вклучително и Германија и САД, во заедничка изјава во средата, истакнувајќи дека речиси 15 отсто од меѓународната поморска трговија од Средоземното Море до Индискиот Океан минува низ Црвено море.

Пренасочувањето преку Ртот на Добра Надеж ги зголемува трошоците и ја одложува испораката на стоки за неколку недели. Француската бродска групација ЦМА ЦГМ објави дека од 15 јануари ќе ги удвои возарините за контејнерски транспорт на потегот од Азија до Медитеранот.

Возарините на релација Азија-Западен Медитеран ќе изнесуваат 6.000 долари за контејнер од 40 стапки, според известувањето објавено на веб-страницата на ЦМА ЦГМ во вторникот. На почетокот на годината изнесуваше 3000 долари. Исто така зголемени се возарините на рутата до Јадранот, на 6.100 долари за контејнер од 40 стапки, и до источен Медитеран на 6.200 долари. Возарината на црноморската рута сега е 6.300 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ