Од претпријатието информираат дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата. Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси.
Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.