Од Македонијапат соопштија дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Со целокупната расположива механизација и работна сила, се наведува во соопштението, Македонијапат е вклучена во расчистување на патиштата.
Македонијапат апелира на внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.