Од Македонија пат информираат дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
„ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата. Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси“, велат од јавното претпријатие.
Оттаму предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.