петок, 13 декември 2024

Поради климатските промени мечките сè почесто го прескокнуваат зимскиот сон

Поради интензивните климатски промени и зголемувањето на температурите, мечките почесто ја прескокнуваат зимската хибернација и остануваат активни во текот на годината, што влијае на нивниот животен циклус, изјави за ФоНет Неда Богдановиќ, истражувач на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, пренесе Н1.

Објавено на

часот

Сподели

Таа објаснува дека мечките, како и некои други помали цицачи, одат во хибернација поради падот на телесната температура во текот на зимата, како и поради недостаток на храна.

За разлика од многу други цицачи, температурата на телото на мечките не опаѓа значително, па затоа може да се сметаат за факултативни хибернатори, објаснува Богдановиќ.

Тоа значи дека мечките, доколку има доволно храна во природата, а температурата не е премногу ниска, можат да не одат во хибернација. Последицата од неодењето во хибернација кај мечките може да биде продолжување на периодот во кој тие доаѓаат во контакт со луѓе.

Кога станува збор за хибернација на мечките, тоа зависи од областите и од условите.

„Онаму каде што зимските периоди се многу студени, како што е северот на Европа, Северна Америка, мечките обично одат во хибернација, но во Шпанија често е забележано дека мечките генерално не хибернираат, бидејќи и зимите не се толку силни“, вели Богдановиќ.

Од друга страна, поради климатските промени, има сè повеќе области, особено во Европа, каде што мечките се постојано активни или, што е многу почесто, ја прекинуваат хибернацијата, активни се некое време, а потоа се враќаат во хибернација.

Meта

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ