сабота, 27 јули 2024

Поради Духовден, Скопје два дена ќе живее со изменет режим на сообраќај

Објавено на

часот

Сподели

Утре со почеток од 6 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта – десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. „Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ