сабота, 27 јули 2024

Поради дефект поголем дел од скопски Центар е без вода

Поради поголем дефект на водоводна цевка на Кеј Димитар Влахов до Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, утрово од 9 часот е прекинато водоснабдувањето на дел од Крњево, Керамидница, кај трговскиот центар Ист Гејт, покрај булевар Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притисок ќе бидат населбите Маџари и Хиподром, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

„По утринскиот прием на повикот за пукање на водоводна цевка на Кеј Димитар Влахов и дека има поплава од пукнатата цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со Водовод и канализација, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко. Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во близина на дефектот, а како последици од тоа, луѓе кое не можеле да излезат од  своите домови. Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје сѐ до санирање на состојбата“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ