сабота, 27 јули 2024

Поради дефект нема парно греење во дел од Кисела Вода

Екипи на ЕСМ се на терен и работат на санирање на дефект во топловодната мрежа поради што во дел од Кисела Вода нема парно затоплување.

Објавено на

часот

Сподели

„Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела ВодаЕкипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100“, велат од ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ