сабота, 19 октомври 2024
Состојба на патиштата

Поради асфалтирање затворени за сообраќај делниците Велес – Градско и Демир Капија – Давидово

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18  до полноќ и недела од 7 до 22 часот.

Почнувајќи од 8 април патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

Од АМСМ информираат дека од настанатите поплави на 14 јуни во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Од АМСМ информираат дека од 3 јули поради асфалтирање е извршена промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар каде што има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе траат до 8 јули.

Од 14 јуни започна проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Поради ова ообраќајот на овој патен правец се одвива непречено, но со ограничување на максимална брзина до 30 километри на час.

Поради реконструкција на коловозот на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.

ГД Гранит АД Скопје известува дека поради изведување градежни работи при реконструкција и изградба на државен пат А2, делница: Крива Паланка – ГП Деве Баир, ќе има времена измена на режимот на сообраќај.

ДТГ Жикол Доол информира дека од 10 мај поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.

Од 8 мај  започна поставувањето на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.

Од 26 април започнаа градежни активности на државниот пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што е извршена промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Од 6 март на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнати се градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80 километри на час во зона на градилиштето. Режимот ќе се применува сѐ до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 3 ноември 2022 година започнаа  градежните работи на државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Поради ова има пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13 октомври 2022, се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до село Блаце, на 2 километри пред Граничниот Премин “Блаце” од 17 јуни 2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од 05 април 2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ