Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до полноќ и недела од 7 до 22 часот.
АМСМ уште соопшти дека од 18:35 часот сообраќајот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп – Градско, се одвива наизменично откако нешто пред 17 часот на оваа делница се случи сообраќајна несреќа.