вторник, 22 октомври 2024

Попречувал ли синот на директорот на БЈБ, Тасевски полициска акција во Градски парк, прашува Стоилковски

Објавено на

часот

Сподели

„ЈО за организиран криминал мора да ги расчисти околностите за коишто постојат многу индиции, а фрлаат огромен сомнеж за партизација, самоволие, неказнивост и злоупотреба на МВР. Наместо соопштенија од МВР, во интерес на јавноста е ЈО за организиран криминал да одговори, и тоа по редослед: Зошто во ПС Карпош минуваат 5 часа од записникот за приведување на 4 лица, до заведувањето на нападот врз полиција со вклученост на 3 лица? Дали во попречувањето на полициската акција во Градски парк, пред дискотека, учествувал и синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски? Дали имало присуство и лично на директорот на БЈБ Сашо Тасевски? Дали има злоупотреба на овластувања и е правен притисок врз ПС Карпош од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски или негово семејство, за изземање на лице од случајот, односно менување факти. Премногу скандали се поврзани со недозволено оружје, недозволени материи, недозволиво однесување и сето тоа е проследено со неказнивост, што се поврзуваат со директор на БЈБ! Сашо Тасевски единствено има партиска заслуга за позицијата, а молкот на институциите кон овие скандали е потврда за постоење на неказнивост!“, додава Стоилковски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ