сабота, 27 јули 2024

Поправен е Блок 2, РЕК Битола повторно произведува струја

Вечерва, во 20.53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем, сooпшти АД ЕСМ. Од ЕСМ велат дека дефектот бил настанат како последица од вчерашното силно невреме.

Објавено на

часот

Сподели

„По целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на РEK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција“, стои во соопштението.

Од компанијата додаваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.

„Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор“, велат од ЕСМ.

Претходно, како што за медиумите беше соопштено, од вчера поради дефект на Блок 2  РЕК Битола не произведуваше струја но се работешена отстранување на причината за испад на блокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ