сабота, 27 јули 2024

Поповски: Грција не сака договор за името

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто тој нагласува дека целите на Македонија во однос на спорот со Грција не се променети по одлуката на судот во Хаг.

„Епилогот од Хаг е судска одлука за деструктивно однесување на нашиот сосед во НАТО-интеграциите. Мислам дека не е само наш успех. Голем успех е воедно и за меѓународното право. Имаме јасна потврда дека македонските очекувања за приклучување кон НАТО се попречени нелегално. Во поглед на стратегијата, нашите цели пред и по Хаг се непроменети“, вели Поповски.

Според него, однесувањето на Грција по пресудата на Хаг е неразумно.

„Не би можел да најдам некое разумно објаснување. На грчката влада ѝ е укажано дека има прекршено меѓународно правна рамка за да ги попречи легитимните аспирации на Македонија кон членство во НАТО. Ваква констатација произлегува од највисок меѓународен судски орган. За одговорна влада или личност, тоа би требало да влијае во правец на конструктивност и корекција на грешката. Не е корисно да трошат енергија во барање изговори, одбегнувања и саботажи на интеграцискиот процес“, истакнува тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ