среда, 26 март 2025

Попов на ревијален меч за Херенвен играше со дрес во чест на починатиот Андреј Лазаров (ВИДЕО)

Поранешниот македонски фудбалер, Горан Попов настапи на ревијален натпревар за Херенвен на кој со специјален дрес оддаде почит за жртвите во Кочани, особено за фудбалерот Андреј Лазаров.

Објавено на

часот

Сподели

Горан Попов две сезони го носеше дресот на Херенвен пред да се пресели во Динамо Киев.

Холандскиот клуб го повика Македонецот на ревијален натпревар по повод 30 години од изградбата на нивниот стадион „Абе Ленстра“.

Попов играше со дресот со број три, но наместо своето име и презиме, беше напишано Андреј Лазаров, македонскиот фудбалер кој загина во големата несреќа во Кочани.

На предната страна од дресот пишуваше „Кочани 16.03.2025“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ