сабота, 27 јули 2024

Попоски:Зачувајте го принципот на заслуги во проширувањето

Објавено на

часот

Сподели


На средбата со комесарот Филе, на која била и вицепремиерката Теута Арифи, биле разменети мислења за претстојниот Пристапен дијалог на високо ниво меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија. При тоа, како што информира македонското МНР, беше истакната заемна заложба фокусот на дијалогот да биде ставен на следење на реализацијата на реформите во клучните области на правосудството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, како и спроведувањето на економските критериуми за членство во ЕУ.

Во фокусот на разговорот со комесарот Малмстром, вели МНР, беше постигнатиот напредок на Македонија во подрачјето правда, слобода и безбедност во функција на подготовка за пристапниот преговарачки процес. Поглавјето правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) и поглавјето правосудство и фундаментални права (Поглавје 23) ќе бидат први отворени за скрининг и за пристапни преговори според новиот пристап на Европската комисија за проширувањето.

Министерот Попоски ги презентира тековните активности во областите миграција, азил, гранично управување, борбата против организираниот криминал и полициските реформи. Се разговараше и за ефектите од мерките што ги презема Македонија за справување со појавата на неосновани баратели на азил во земјите на ЕУ. Моментално трендот на баратели на азил е во опаѓање, а за негово сузбивање ќе се продолжи со кампањите за подигнување на јавната свест, социоекономските мерки за подобрување на животните услови на ранливите групи на население, со зајакнати контроли на граничните премини и блиска соработка со засегнатите земји-членки.

Комесарот Малмстром ги поздрави напорите на Македонија во пристапниот процес и напреднатото ниво на усогласеност со правото на ЕУ во поглавјето правда, слобода и безбедност. Генералниот директорат за внатрешни работи останува подготвен за зајакната соработка и дијалог со надлежните служби во Македонија за натамошно спроведување на реформите во оваа клучна област од пристапниот процес. Ги поздрави активностите за намалување на појавата на баратели на азил и препорача мерките да продолжат со несмален интензитет, особено оние за подобрување на социоекономските услови за живеење, се вели во соопштението од МНР.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ