петок, 27 декември 2024

Поплави во северна Италија: Се срушила куќа, луѓе се евакуирани, едно лице загина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во околното село Фонтанелице се урна куќа. Пожарникарите на Твитер објавија дека едно лице можеби е заробено внатре. Снимките објавени од пожарникарите покажуваат големи поплави во областа помеѓу Болоња, главниот град на Емилија Ромања и градот Равена на јадранскиот брег.

Тие соопштија дека извршиле околу 400 спасувачки операции и евакуирале десетици луѓе. Железничкиот оператор Трениталија соопшти дека неколку сообраќајни линии се суспендирани поради временските услови и бројни улици се затворени.

Обилен дожд ја погоди областа по неколкумесечна суша што предизвика загриженост за ниските водостои на реката По, најголемата река во Италија, која тече од запад кон исток низ северниот дел на погодената покраина.

Шефот на италијанската агенција за цивилна заштита рече дека патува во областа погодена од поплавите, а министерот за животна средина Жилберто Пичето Фратин вети помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ