Обилните врнежи во изминатите 24 часа на подрачјето на општините Јабланица, Коњиц, Кисељак, Фојница и Крешево им нанесоа потешкотии на жителите од тие општини во Босна и Херцеговина, а во Јабланица има и жртви, јавува Н1.
Kiseljak pod vodom, nestalo struje, mještani ne mogu van… Više na https://t.co/7TI62ueMUn pic.twitter.com/I31EFedWfW
— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) October 4, 2024
„Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ).
Poplave širom Federacije BiH u trenutku kada je @vladafederacije potpuno obezglavila javno preduzeće zaduženo za upravljanje koritima rijeka. Uskoro o tome čitajte na @IstragaB (video u prilogu snimljen je jutros u Kiseljaku) pic.twitter.com/nzNqJQewwv
— Istraga.ba (@IstragaB) October 4, 2024
„Сообраќајот, телефонските и интернет врските се во прекин. Почнувајќи од Мостар, во Дрежница, големиот порој на Дрежанка урна мостови, однесе околу 20 автомобили, а засега немаме информации за човечки жртви во тој крај. Поради свлечиште, патот М-17 кон Долна Јабланица е непрооден“, се наведува во извештајот, додека од терен пристигна информација дека загинале две лица.
„Најтешка е состојбата, според информациите од теренот, во Јабланица и околните места (Бутуровиќ Поље, Острожац, Челебичи) каде имало голем број одрони на куќи, свлечишта на патишта и поплавени куќи лоцирани покрај езерото“, соопшти Цивилна заштита.
Apokaliptične scene u Kiseljaku: Poplave napravile haos, https://t.co/hm77kLfDPt
— Emir Kulosman (@kulosman_emir) October 4, 2024
„За жал, според првите информации имаме и човечки жртви. Побаравме и помош од Вооружените сили на Босна и Херцеговина за да испратиме хеликоптер за да го спасиме животот на едно дете во Јабланица“, изјави Марија Бухач, претседател на Владата на Херцеговско-Неретванскиот кантон (ХНК), јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Портпаролот на Владата на ХНК Дарко Јука изјави дека целосно е во прекин патната, а во делумен прекин е и телефонската комуникација на подрачјето на Јабланица и Коњица. Тој прецизираше дека имало сериозни одрони, свлечишта и излевање на реки и дека се разрушени патишта од Јабланица кон север и градот Прозор-Рама.
Од противпожарната служба на Јабланица за РСЕ изјавија дека екипите се на терен и дека ситуацијата е критична, додека од Железницата на Федерацијата на Босна и Херцеговина е соопштено дека железничките линии меѓу Сараево и Чапљина се откажани.
Водата однесе и некои мостови во областа на градот Мостар, јавува РСЕ.