сабота, 19 октомври 2024
Во Дебар

Попладнево тешко повреден мотоциклист

Објавено на

часот

Сподели

„Во нашата болница беше донесено лицето Т.К.(42) од Дебар со повреди на главата, десното рамо и скршеница на десната потколеница, но во свесна состојба. Дадена му е прва медицинска помош и е имобилизиран по што со придружба на лекар и медицински техничар е транспортиран во Болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид“, изјави за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед во Дебарската општа болница со проширена дејност.

Сообраќајката се случила на улица „Вељко Влаховиќ“ во близина на станицата за технички преглед,  односно на патот кој води за Струга.

Во неа учествувале мотоцикл управуван од Т.К. и патничко моторно возило. На местото на несреќата во моментов се врши увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ