недела, 27 октомври 2024

Попладнево регистрирани се 10 пожари на отворено, четири се сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19 часот вечерва се регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а шест се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Чашка – планина Мукос, село Степанци кон месноста викана Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ораов Дол према Кадиица каде гори мешана шума, во Општина Долнени – село Дреновци над манастирот каде е зафатена мешана нискостеблеста шума, во Општина Теарце – муслимански гробишта, село Теарце, каде горат сува трева и нива, како и во Општина Гостивар, населба Фазанерија, каде е зафатена сува трева.

Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба – село Смилковци, во Општина Чучер Санедево – Качанички пат, База на Гранит, во Општина Сарај – село Крушопек, во Општина Штип – полигон Криволак и стрелиште Пенуш (АРМ), во Општина Струмица – село Банско и во Општина Куманово – село Никуњане. Во овие пожари биле зафатени сува трева, ѓубриште, нискостеблеста шума и депонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ