четврток, 20 март 2025

Попладнево регистриран земјотрес во Струмичко

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2,8“, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ