петок, 26 јули 2024

Попирин му пружи сериозен отпор на Ѓоковиќ, но Србинот се пласираше во третото коло

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло од Австралија Опен откако денеска славеше со 3-1 во дуелот со домашниот тенисер Алексеј Попирин.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше нешто помалку од оној на Србинот во првото коло, Ноле на теренот помина три часа и 12 минути, но успеа да го скрши отпорот на жилавиот ривал.

Клучен се покажа третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси четири сет-топки бидејќи на свој сервис, при резултат 4-5, имаше 0-40 и потоа предност за Попирин. Откако го преброди тој гем, во тај-брејк дојде до водство од 2-1 и потоа во четвртиот сет лесно го скрши отпорот на противникот.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против аргентинскиот тенисер Ечевери кој денеска беше подобар од Монфис со 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ