сабота, 27 јули 2024

Понеделнички…

Во некои населби во Скопје граѓаните утрово можат да се потсетат на детали од ѓубрето што го фрлиле вчера. И тие што одат подоцна на работа или се втора смена, имаат можност да ја видат оваа понеделнична глетка.

Објавено на

часот

Сподели

Не е секој понеделник ист. Разликата е во количествата и содржината на ѓубрето што се натрупало. Сигурно вина имаат граѓаните. Таман работа дефектот да е кај надлежните, тие имаат саатница, а понеделнички прават стратегија за работата.

Кој пак може да е виновен што граѓаните цел викенд одмораат и дури во недела ќе им текне да фрлат ѓубре. Или понеделнички, кога ќе тргнат на работа, успат.

Ех, вечно Скопје…

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ