петок, 26 јули 2024

Помошник на холандски политичар обвинет дека работел за Русите

Холандскиот член на Европскиот парламент Марсел де Граф се огради од претресот во канцеларијата и домот на неговиот вработен како дел од истрагата на белгиската полиција за ширење на руска пропаганда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам ништо за таканаречената операција поради ширење руска пропаганда“, напиша претставникот на холандската десничарска популистичка партија ПВВ на својот лидер Герт Вилдерс.

Полицијата денеска изврши претрес во канцелариите на вработени во Европскиот парламент во Брисел и Стразбур.

Де Граф рече дека „од медиумите дознал дека домот и канцеларијата“ на неговиот вработен биле претресени. Тој додаде дека разговарал со помошникот кој рекол дека не знаел за претресот.

„Властите не контактираа ниту со мене ниту со него. Сето тоа е целосно изненадување за мене“, рече тој.

Белгиските истражители објавија дека осомничениот вработен во Парламентот на ЕУ „играл значајна улога“ во приближувањето и плаќањето на европратениците да промовираат руска пропаганда преку прорускиот портал „Гласот на Европа“.

Помошникот на Марсел Де Граф претходно бил вработен за Максимилан Крах, пратеник во Парламентот од екстремно десничарската Алтернатива за Германија. Крах потврди дека се работи за негов поранешен помошник. Тој беше под притисок во последните недели поради обвинувањата за шпионажа за Русија.

Минатиот месец, германската полиција го уапси и поранешниот помошник на Крах, Џијан Гу, кој беше отпуштен од европратеникот откако беше обвинет дека е кинески шпион.

Белгискиот премиер Александре Де Кру во април откри дека разузнавачките служби откриле руска операција за влијание врз Европскиот парламент пред изборите во јуни.

Целите на Москва се јасни, рече белгискиот премиер: „Избор на повеќе проруски кандидати во Европскиот парламент со цел да се шири одреден проруски наратив во таа институција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ