сабота, 27 јули 2024
Не губи време, веднаш си бара нов ангажман

Поминаа само 48 часа од отказот во Рома, а Мурињо се понудил на друг клуб од Серија А

Жозе Мурињо во вторникот доби отказ од Рома, но стратегот веќе мисли на иднината и неговиот агент Жорж Мендеш го понудил на Наполи.

Објавено на

часот

Сподели

Рома во вторникот реши да стави крај на соработката со Жезе Мурињо, сопственикот Ден Фридкин го известил Португалецот дека треба да си ги спакува куферите и да замине.

Но едвај поминаа 48 часа, а „специјалниот“ се поврзува со клупата на друг клуб од Серија А.

Како што пренесува Спортмедиасет, агентот Жорж Мендеш му се јавил на Аурелио Де Лаурентис и го предложил Жозе Мурињо за кормилото на Наполи.

„Наполитанците“ се во потрега на нов тренер за сезоната 2024/25, па Жорж Мендеш сака да го искористи добриот однос со Аурелио Де Лаурентис за експресно да му најде ангажман на Жозе Мурињо.

Се говори дека пречка може да биде платата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси, АДЛ е подготвен да одвои ваква сума само за да го донесе Антонио Конте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ