Рома во вторникот реши да стави крај на соработката со Жезе Мурињо, сопственикот Ден Фридкин го известил Португалецот дека треба да си ги спакува куферите и да замине.
Но едвај поминаа 48 часа, а „специјалниот“ се поврзува со клупата на друг клуб од Серија А.
Како што пренесува Спортмедиасет, агентот Жорж Мендеш му се јавил на Аурелио Де Лаурентис и го предложил Жозе Мурињо за кормилото на Наполи.
„Наполитанците“ се во потрега на нов тренер за сезоната 2024/25, па Жорж Мендеш сака да го искористи добриот однос со Аурелио Де Лаурентис за експресно да му најде ангажман на Жозе Мурињо.
Се говори дека пречка може да биде платата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси, АДЛ е подготвен да одвои ваква сума само за да го донесе Антонио Конте.