среда, 23 октомври 2024
Изјава на универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување

Помилувањата ги даваме малку и кратко, вели Калајџиев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.

Објавено на

часот

Сподели

Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за медиумите вели дека во Македонија бројот на помилувања што се дава е премногу малку и со премногу краток рок на ослободување од издржување казна затвор.

„Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха“ вели тој.

Калајџиев вели дека условите во македонските затвори е катастрофална, а дека казнената политика е многу поосттра споредено со земјите на ЕУ, додавајќи дека во затворите лежат луѓе со години и за направени сообраќајки, за поседување симболична количина на дроги и други ситни прекршоци за кои во ЕУ се даваат значително поблаги казни.

„Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно“ смета Калајџиев.

Професорот Калајџиев вели дека трошоците за издржување на еден затвореник за државата се сериозен издаток, додавајќи дека затворот „Идризово“ е прогласен за најлош затвор во Европа.

„Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман“, вели Калајџиев осврнувајќи се на Законот за помилување кој не дозволува помилување на осуденици на доживотен затвор.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во изјава за ТВ21 денеска рече дека контроверзните помилувања што ги даде биле за „личности интересни во негативна смисла на зборот“.

„Кога ја конституирав комисијата за помилување, која е составена од врвни експерти во оваа област и познавач,и реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Значи, вие го анализирате делото, пред сѐ. Да бидам искрена, јас не ги знам ни имињата. Кога ги потпишав овие одлуки се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица, некоја тепачка, и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки, меѓутоа јас никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата. Точно е дека го имам последниот збор, но мора да се има ова предвид“, рече Сиљановска.

Инаку Комисијата за помилување деновиве се најде во фокусот на внималнието, откако од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова беа помилувани и членови на нарко-картели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ