Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на ноември 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Македонија – Грција.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.