петок, 18 октомври 2024

Полските одбојкари по 48 години повторно ќе се борат за златен медал

Одбојкарската репрезентација на Полска се пласира во финалето на Олимписките игри откако со 3-2 во сетови ја совлада селекцијата на САД.

Објавено на

часот

Сподели

Полска го доби првиот сет со 25-23, но следните два им припаднаа на Американците со 27-25 и неверојатни 25-14.

Момците на Никола Грбиќ успеаа да изедначат на 2-2 добивајќи го четвртиот сет со 25-23. Во петтиот решавачки Полска беше подобра со 15-13 за победа и пласман во финале.

За Полска ова е прво финале на Олимписките игри по 48 години кога во 1976 година освоија златен медал.

Во финалето Полска ќе игра против Франција која со 3-0 ја совлада Италија.

Домаќинот лесно дојде до триумфот со 25-20, 25-21 и 25-21.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ