сабота, 27 јули 2024

Полскиот претседател: Путин не изгубил ниедна војна. Рускиот валјак ја притиска Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Денес луѓето зборуваат дека (рускиот претседател) Владимир Путин ја изгубил војната, а неговиот пораз е наводно тоа што Финска се придружи на НАТО, иако финскиот народ со години се двоумеше дали да се откаже од својата неутралност. Дами и господа, Владимир Путин не изгубил ниедна војна“, порача Дуда.

Изрази надеж дека Путин ќе ја изгуби војната, но истакна дека „сега имаме ситуација во која рускиот парен валјак ја притиска Украина, стотици луѓе секој ден гинат на фронтот, Руси има над 100 милиони, а Украинци помалку од 40 милиони“.

„Само таа разлика покажува кој тука го има главниот збор. На Русите човечкиот живот не им значи ништо, додека на Украинците секој живот им е златен. Тоа се различни култури. Русија е нуклеарна суперсила, има огромни залихи оружје“, кажа Дуда.

„Што е смешно во фактот што почнуваат да испраќаат тенкови од 1960-тите кога секој тенк тежи 50-60 тони? Ако дојде ќе прегази сè, без оглед дали е модерен или не“, смета полскиот претседател. Истакна дека Путин ќе ја изгуби војната само ако руската војска биде протерана надвор од меѓународно признатите граници на Украина.

„Војната трае, Русија сè повеќе мобилизира, а руската економија се префрла на воена. Не залажувајте се, тие се способни со пропаганда да ги убедат луѓето дека треба да се стегне ременот и ќе бидат горди дека Русија е силна, макар и ако гладуваат“, заклучи Дуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ