четврток, 26 декември 2024

Полскиот претседател одбил да се фотографира со Лукашенко на самитот на ОН

Полскиот претседател Анджеј Дуда одбил да биде на заедничката фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 кој се одржува во Баку.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што неофицијално дознава полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Од истата причина Дуда минатата година не присуствуваше на заедничкото фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година собирот е организиран во главниот град на Азербејџан Баку под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ