Дуда рече дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.
„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна и инфраструктурата на НАТО би требало да се придвижи кон исток. За мене тоа е очигледно“, рече Дуда во интервју за Фајненшл тајмс.
Полскиот претседател додаде дека безбедносната ситуација би била поповолна доколку ова оружје веќе се наоѓа во Полска.