Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина откако Русија ја почна инвазијата во 2022 година, врските меѓу соседите со генерации беа затегнати поради убиствата во Волин извршени меѓу 1943 до 1945 година.
Полска вели дека повеќе од 100.000 Полјаци се убиени во масакрите што ги извршија украинските националисти. Илјадници Украинци исто така загинале во одмаздите.
Полска веќе долго време бара слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се закопани посмртните останки на убиените за да може да се ексхумираат заради достоен погреб.
Во петокот полскиот премиер Доналд Туск го поздрави „помрднувањето“ во односите велејќи дека Украина решила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.
Украина често ги споменува настаните во Волин како дел од судирите меѓу Полска и Украина што ги зафатиле двете нации.