вторник, 22 октомври 2024

Полскиот премиер до американските републиканци: Срамете се, Реган се превртува во гробот

Полскиот премиер Доналд Туск остро ги критикуваше американските републиканци поради блокирањето на законот со кој би ѝ се доделила воена помош на Украина во износ од 60 милијарди долари. Тој тоа го порача преку социјалните мрежи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Драги републикански сенатори на САД. Роналд Реган, кој им помагаше на милиони меѓу нас да ги вратиме своите слобода и независност, сигурно денес се превртува во гробот. Срамете се“, објави Туск.

Републиканците со месеци истакнуваат дека каква било дополнителна американска помош за Украина и Израел мора да биде врзана за сопирањето на големиот број нелегални мигранти кои пристигнуваат на американско-мексиканската граница. Доналд Трамп, фаворитот на Републиканската партија за претседателски кандидат, кажа дека од европските сојузници би барал да им платат на САД за околу 200 милијарди вредното вооружување кое заминало во Украина.

Полска е една од сојузничките на Киев во конфликтот со Рисија. Роналд Реган е 40-от претседател на Соединетите Американски Држави од 1981 до 1989 година, познат по цврстиот став кон Советскиот Сојуз, кој го нарекуваше „зла империја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ