четврток, 19 септември 2024

Полскиот премиер: Ако видите германски војници, без паника (ВИДЕО)

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили, оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Бжески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ вода до половина или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.

Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за малку хумор во инаку незавидната ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.

„Ако видите германски војници, без паника. Дојдоа да помогнат“, рече тој.

Тој додаде дека американските војници веќе обезбедуваат поддршка на заедниците погодени од поплавите во јужна Полска и дека Турција понудила слична помош.

Нацистичка Германија на Адолф Хитлер ја нападна Полска на 1 септември 1939 што се смета за почеток на Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ