сабота, 27 јули 2024

Полскиот министер за одбрана: Миграцискиот пакт на ЕУ е еднаков на самоубиство

Пактот за миграцијата кој Европската Унија планира да го усвои е самоубиствен, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е политика на самоубиство која ја спроведуваат елитите на Европската Унија и која се поврзува со општествениот инженеринг, со обид да се повтори следната етапа на еволуцијата и да се смени населението во Европа“, кажа Блашчак за Полското радио, зборувајќи за плановите за преселување на нелегалните мигранти во земјите од ЕУ.

Блашчак напомена дека многу мигранти не сакаат да се интегрираат во европското општество.

„Тие воопшто не сакаат да се интегрираат, напротив, сакаат да го наметнат својот поредок на Европа. Тоа е исклучително опасно, а тој механизам на преселување е само поттик за нови бранови мигранти да стигнат во ЕУ. Тоа е самоубиство кое не сакаме да го извршиме“, кажа тој.

Полскиот министер за одбрана оцени дека на следните избори, кои ќе бидат одржани за две недели, на власт ќе остане партијата Право и правда (ПиС) на Јарослав Качињски, како и дека Полска ќе го задржи цврстиот став во врска со миграциите.

„ПиС е гарант на цврстината и решителноста на политиката. Јасно ни е дека опозицијата, ако дојде на власт, ќе се согласи на преселување на мигрантите“, смета Блашчак.

Неодамна владата на Полска соопшти дека планира на бегалците од Украина да им наплаќа храна и сместување по четири месеци престој во државно сместување.

Повеќе од милион украински бегалци најдоа привремен дом во Полска од крајот на февруари оваа година. Меѓутоа, ресурсите на Полска пресушуваат поради кризата и оптовареноста на буџетот, па на мигрантите им сè потешко да најдат станови и да добијат поддршка, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ