сабота, 27 јули 2024

Полскиот министер за надворешни работи повика на долгорочно вооружување на Европа

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски повика на долгорочно повторно вооружување на Европа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави дека е за што поголемо можно вклучување на Велика Британија во одбранбените структури на ЕУ, што е неопходно, како што наведе, „за да се поразат руските империјални амбиции“.

Сикорски посочи дека Европа заостанува на полето на вооружувањето поради долгогодишните недоволни инвестиции во одбранбената, технолошката и индустриска база на ЕУ.

Министерот Сикорски во интервју за Гардијан, за време на посетата на Лондон, каде што се сретна со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, истакна дека Полска смета дека Украина има право да напаѓа воени цели во Русија.

Шефот на дипломатијата потсети дека Полска троши четири отсто од својот БДП за одбрана, нагласувајќи дека тоа ниво мора да го достигнат и другите членки на ЕУ.

Тој истакна дека Русија троши 40 отсто од БДП и дека има 3,5 милиони вработени во воено-индустрискиот комплекс.

Сикорски се залагаше дека во иднина гласањето на санкциите против Русија во ЕУ не мора да биде едногласно, како и дека кршењето на овие санкции треба да се третира како кривично дело и да биде под надлежност на европското обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ