сабота, 27 јули 2024

Полски второлигаш избори финале во купот, па се закани со бојкот

Полскиот второлигаш, Висла Краков се закани дека ќе го бојкотира финалето од купот на оваа земја доколку на нивните навивачи им биде забрането присуство на мечот за пехар кој ќе се игра во Варшава.

Објавено на

часот

Сподели

Висла се пласира во финалето откако славеше со 2-1 над прволигашот Пјаст Гливице, овој клуб се соочува со проблем во пресрет на последниот меч од натпреварувањето.

Во минатогодишното издание од Купот на Полска, Висла Краков доби казна поради дивеење на навивачите, фрлање на бакли на теренот во поразот од Мотор Лублин. Беа казнети со забрана за гостување на навивачите на три меча.

Оваа сезона Висла одигра пет натпревари во купот и сите тие беа на домашен терен, па не отслужи ниту еден меч од казната. Прв треба да биде тој од финалето на 2. мај против Погон Шчечин во Варшава.

Но, од клубот најавија дека нема да го играат финалето доколку од нив биде побарано токму на овој меч да почнат со отслужување на казната.

„Висла Краков нема да го игра финалето на Националниот стадион доколку нема наши навивачи на трибините. Ако организаторите не можат да осигураат безбеснот, што би било штета, тогаш да го играме мечот во Краков, Шчечин или на некое трето место“, изјави претседателот на клубот, Јарослав Кролевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ