четврток, 24 октомври 2024

Полски министер: Успесите на Украина во Курск не го менуваат ставот на Западот

Украина жнее „огромни политички придобивки“ од воената офанзива против западна Русија, но потегот не го менува „антиескалацискиот пристап“ на Западот, изјави полскиот министер за внатрешни работи Томаш Симонијак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина вели дека од 6 август зазела повеќе од 80 населби на површина од 1.150 квадратни километри во Курск, во најголемата инвазија во Русија од Втората светска војна. Ројтерс не можел независно да ги потврди случувањата на бојното поле.

„Оваа офанзива не ја менува позицијата дека Западот е против ескалација“, рече Симонијак, запрашан во интервју за Ројтерс дали воените придобивки на Киев можат да ја променат позицијата на неговите сојузници за употребата на оружјето со кое го снабдуваат за војната со Русија.

Западните влади, кои ѝ даваат воена помош за Украина по руската инвазија во февруари 2022 година, досега одбиваа да ѝ дозволат на Украина да користи оружје со долг дострел поради согледаниот ризик од ескалација на конфликтот.

„Мислам дека за западните земји ова е настан во смисла на промена на имиџот на Украина – политичките придобивки на Киев се огромни по помалку од две недели“, рече Симонијак.

Варшава беше еден од најцврстите сојузници на Украина, а полскиот премиер Доналд Туск претходно оваа недела упати сличен тон како Вашингтон, велејќи дека Украина има целосно право да одговори на начин што ефективно ќе ја парализира Русија.

Советникот на украинскиот претседател во петокот изјави дека прекуграничниот упад на Киев во руската област Курск е потребен за да се убеди Москва да започне „фер“ мировни преговори.

Русија ја нарече инвазијата на Украина голема провокација и вети дека ќе возврати со „достоен одговор“.

САД и западните сили, кои сакаат да избегнат директен воен судир со Русија, рекоа дека Украина не ги известила однапред и дека Вашингтон не е вмешан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ