понеделник, 21 октомври 2024

Полски медиуми: Руски дрон леташе над Полска 33 минути па исчезна од радар

Полската војска била подготвена да собори неидентификуван летечки објект кој утринава долетал од Украина на територијата на Полска, но не можело со стопроцентна сигурност да се потврди за какво летало се работи, објави полскиот медиум РМФ24, додавајќи дека војската неофицијално тврди дека најверојатно се работи за рускиот дрон Шахед.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е потрага по објектот во општина Тишовце. Леталото поминало 33 минути над Полска, а потоа исчезнало од радар.

Можно е летечкиот објект да се вратил на украинска територија, затоа мора да ја испитаме секоја можност за неговото евентуално присуство да не претставува никаква закана за локалното население, изјави за РМФ потполковник Јацек Горишевски.

Како што истакнува, леталото го надгледувале полските системи за набљудување на воздушниот простор, а во воздух биле и хеликоптери.

„Визуелна идентификација мораше да се изврши пред да се донесе одлуката за неутрализирање на објектот. Но, до оваа конечна идентификација не дојде поради временските услови“, изјави потполковникот.

На прашањето зошто исчезна сигналот, соговорникот на РМФ, Кшиштоф Засада одговара: „Можеме да претпоставиме дека паднал некаде или дека неговата висина на летот веќе била таква што нашите радарски системи не можеле да го следат. Тој исто така можел да се сврти и да се спушти на висина од која повеќе не беше видлив за нашите радарски системи“.

Одлуката дали објектот ќе се урива е донесена со учество на министерот за одбрана.

„Ние бевме свесни за брзината со која лета, каде, во која насока и бевме подготвени. Сепак, немаше визуелна идентификација, што мора да се направи според прописите… Се наоѓаме во мирновременски услови. Ние мора да ги почитуваме овие прописи за да спречиме грешки, соборување цивилен објект. Нашиот воздушен простор не е затворен за цивилен сообраќај“, рече потполковникот.

Во моментов нема извештаи за штети на теренот. Од почетокот на руската инвазија, проектили неколку пати ја преминале полската граница. Во ноември 2022 година, проектил падна врз селото Пржеводов во провинцијата Лублин, при што загинаа две лица. Во декември истата година, руски проектил Кх-55 падна во шума во близина на Бидгошч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ