недела, 20 октомври 2024

Полски медиум најави скандал со наместени натпревари, сомнителен е и мечот на Македонија ЃП

Објавено на

часот

Сподели

Матеуш Мига од „ТВП Спорт“ објави, а низа познати полски медиуми го пренесоа, дека е наместен мечот во Црна Гора помеѓу Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија, повикувајќи се на огромни уплати на мечот во пресрет на истиот и за време на одигрување на дуелот.

s

Според информациите 250.000 евра биле уплатени на мечот, а меѓу другото дека ќе паднат и два гола во првото полувреме, а до 35-та минута мечот бил во егал со почетниот резултат 0-0. Алашкерт дал два гола и тоа во 40-та и во првата минута од судиското надополнување, а на крајот Ерменците победија со 6-1.

Според Мига, сомнежи има за мечот на Македонија ЃП, зашто имало големи уплати дека РФС ќе победи со два разлика и дека мечот ќе заврши најмалку со пет гола, а летонскиот тим триумфираше со 4-1.

с

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ